Friday, May 10, 2024

Учиме низ игра: Банкари

 Како е на неколку часа  ние децата да бидеме во светот на возрасните?

 Да платиме сметки во банка, точно да определиме сума со додавање и одземање на монети и банкноти... па да седнеме од другата страна на шалтерот и да бидеме вработени во банка.

Забавно е, но само на неколку часа.  Затоа одбравме да си останеме деца и да не брзаме да пораснеме.

Час по математика

Наставна содржина: Пари (монети и банкноти).

Стандард:Определува точна сума пари со додавање или одземање монети и банкноти.

.





























Го уредуваме училишниот двор

 Со мала помош од чичо Зоки успеавме да разубавиме неколку катчиња во нашиот двор. Се научивме како да се грижиме за цвеќињата, како да ги садиме и наводенуваме.













Monday, April 22, 2024

22 Април- Денот на планетата

 22 Април- Денот на планетата Земја овозможува секој жител на планетата да размисли за своето однесување кон земјата и да се потруди да придонесе таа да биде почиста и поубава, затоа што само здрава и чиста средина може да ни овозможи квалитетен живот. Затоа, со заеднички сили треба да работиме на подигање на свеста и одговорно однесување на секој поединец.